Мени

Сменета началничката на интерното одделение

12.04.2011 08:34 | KumanovoNews

 Началничката на интерното одделение во Кумановската болница и главната медицинска сестра се разрешени од функциите, додека цела смена од дневната интернистичка амбуланта се суспендирани, бидејќи пред еден месец не пружиле здравствена заштита на пациентка, која починала.

Сменета началничката на интерното одделение

Сменета е началничката Слободанка Анѓелковиќ, главната сестра, додека еден лекар и три сестри кои биле на смена во дневната болница се тргнати од работа, додека заврши постапката за утврдување на одговорноста. Од вчера Комисија од Министерството за здравство го испитува случајот, па ќе видиме дали ќе се утврдат пропусти кај нас или кај матичниот лекар - вели Ариф Љатифи, директор на кумановската болница.

Инцидентот се случил на 15 март, кога Мира Стојановска (57) од Горно Којнаре, добила инфаркт додека се качувала по скалите кон интерното одделение. Семејството побарало лекарска помош, но во амбулантата не сакале да ја примат, побарале упат од матичен лекар. Откако не добиле помош во болницата, жената прво ја однеле на матичен лекар, а потоа и дома каде и се слошило и починала.Семејството за трагедијата ги обвинува лекарите и бара нивна одговорност.