Мени

Снег на Страцин

25.02.2011 09:16 | KumanovoNews

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани, по наместа влажни коловози поради слаби врнежи од дожд и снег.

Снег на Страцин

Снегот провејува и не се задржува на коловоз на патните правци, Крива Паланка – Страцин и на подрачјето на Смојмирово. На возачите им препорачуваме внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност, прилагодена брзина и одржување на потребното растојание помеѓу возилата, препорачуваме на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово - Велес, Демир Капија - Удово и Гостивар -Маврово - Дебар - Струга.

 На патот Куманово-Граничен премин Табановце поради изведување на градежни работи, се препорачува повнимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Се очекува работите да траат подолго време.