Мени

Снег провејува во Куманово

26.11.2013 11:16 | KumanovoNews
Во Куманово предпладнево почна да провејува слаб снег проследен со суледица и слаб ветер. 
Снег провејува во Куманово

Според временската прогноза, слаби врнежи од снег ќе има и во попладневните часови. Дневните температури ќе се движат до 4 степени, а и утре не очекува слично време со дневни температури до 5 Целзиусови степени. Мало покачување на температурите ќе има кон крајот на неделата.

Од Македонија пат информираат дека сообраќајот кај Стража и кон Маврово се одвива во отежнати услови, по влажни коловози, а нивните екипи веќе интервенирале на одредени делници. Снег има и на Попова Шапка.

Сообраќајот на сите други патишта низ Македонија се одвива непречено, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од Републиката.