Мени

Со бедеми се затвараат изливните места

27.02.2013 11:16 | KumanovoNews

Од Центарот за управување со кризи велат дека повеќе екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, противпожарната служба и од јавните претпријатија со механизација ги затвараат изливните мес та на речните корита.

Со бедеми се затвараат изливните места

Очекуваме до крајот на денот водата да се повлече ако нема повторно дождови. Не се чистат коритата на реките, туку се затвараат од страна со вреќи песок, односно се врши бедемисување. Водата се испумпува од куќите и помошните објекти. Под вода се многу обработливи површини. Најпогодени се селата Јачинце, Клечовце, Шупли Камен, Средорек, улицата “Никола Тесла“ - велат од ЦУК.

Во кумановско под вода се околу 2000 хектари површина, во Старо Нагоричане поплавени се 2.500 хектари, а во Липково само 200 хектари во делот на селата Опае и Лопате.