Со флаери против злоупотреба на визната либерализација
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и вицепремиерот Васко Наумовски денеска делеа фалери со информации за безвизниот режим на граничниот премин Табановце. Прирачникот го добиваа само македонските патници што ја напуштаа државата, со цел подетално да се информираат за предностите и последиците на злоупотребата на визната либерализација.
Во флаерот е наведено дека визната либерализација се однесува само за кратки патувања, а не за подолг престој или преселување во некоја од земјите членки на ЕУ.
Комитетот за визна либерализација продолжува со активностите во функција на информирање на граѓаните за суштината и содржината на визната либерализација, а ние како надлежно министерство за спроведување на репресивните мерки продолжуваме со засилени контроли на граничните премини.Досега се вратени околу 500 лице кои не можеле да ја докажат причината за патувањето, односно целта заради која идат во западно европските земји.Преку делење на информативни матерјали на граѓаните јасно им се става до знаење целта и содржината на визната либерализација. Со вакви активности ќе продолжиме и во општините, со што граѓаните ќе имаат доволно информации да не бидат изманипулирани заради нечија корист и да се изложат на нерпијатно патување со сосема извесен крај, враќање во државата. Задолжително ќе им биде одбиено барањето за азил, бидејќи досега на ниту еден граѓанин не му е одобрено, доколку потекнува од Македонија - рече министерката.
Таа потсети дека од неодамна МВР на излез од државата удира штембил во пасошите на оние граѓани кои се обиделе да патуваат заради добивање на азил а биле вратени, и со тоа ги обележува и спречува за помнатамошни манипулации.
Министерката не одговори на новинарското прашање на обвинувањата на СДСМ дека една година не ја санкционира агенцијата на Амди Бајрам, која превезува азиланти во западно европските земји.