Мени

Со низа активности ќе се прослави 11 Октомври

05.10.2011 10:40 | KumanovoNews

 По повод  70 години од Денот на народното востание на македонскиот народ, локалната самоуправа со повеќе активности ќе го одбележи 11 Октомври. Во програмата на Секторот за култура и спорт предвидени културни, музички и спортски манифестации.

Со низа активности ќе се прослави 11 Октомври

Планинарското друштво „Козјак“ и ОСС – Куманово, организира меѓународен планинарски марш на планината Козјак. Во петок на 7 октомври во Уметничката галерија ќе биде отворена Меѓународна изложба на уметничка фотографија – Фото Салон во организација на Фото кино клуб „Козјак 50“ – Куманово.

 На 10 Октомври, по повод Денот на востанието, Свечена седница ќе одржи Сојузот на борци, а во младинскиот културен центар „Козјак“, концерт на Маргица Антевска.

На 11 Октомври, преем за гостите ќе огранизира градоначалникот Зоран Дамјановски, а ќе биде положено цвеќе на Спомен костурница, потоа следува велосипедска трка и концерт на градска музика „Илинден“ – Куманово на градскиот кеј Куманово.