Со обучени наставници против насилство во училиштата
Обука за ненасилство во училиштата се одржа денеска во основното училиште "Крсте Мисирков". Професори од пет училишта присуствуваа на предавањето што има за цел да ја спречи појавата на насилно однесување на децата во училишните клупи.
Сите училишта од наредната година со програма ќе ги опфатат мерките,проекти и активности за спречување на насилството.
"Ова е втора обука која се реализира во Куманово и ги опфаќа училиштата "Магдалена Антова","Христијан Тодоровски Карпош","Браќа Миладиновци","Крсте Мисирков" и "Кочо Рацин".Професорите се обучуваат за потоа да го пренесат знаењето во нивните училишта"-вели предавачот Надица Петровска,психолог од ОУ "Вук Караџиќ".
Проектот е поддржан од Бирото за развој на образованието.
"Самиот податок дека 15% од девојчињата и 40 отсто од момчињата учествувале во тепачки е загрижувачки.Овој проект нуди сеопфатна програма за превенција од насилството и ги опфаќа не само учениците, туку и наставниците и родителите"- вели Дивна Јанкова, предавач.
Во годишна училишна програма ќе бидат прецизирани, начините, мерките и санкциите кои што ќе бидат преземени за насилниците во училиштата.
Проектот е финансиран од УНИЦЕФ.