Со проект ќе се зголемува бројот на доктори-Роми
Претставници од Центарот за институционален развој, денеска се сретнаа со учениците Роми од средното училиште "Наце Буѓони",за да им го презентираат проектот "Подготовка на средношколците Роми за запишување на медицинските факултети во Македонија".
Целта на проектот е зголемување на бројот на студенти од ромска националност, што ќе придонесе кон развој на професионален медицински кадар.
"Со овој проект средношколците се подготвуваат за полагање на државна матура. Целна група се учениците од четврта година од средно образование. Средношколците аплицираат и доколку ги исполнат условите, тогаш се вклучуваат во подготвителните курсеви кои се реализираат од ноември до мај"- вели Срџан Амет од Центарот за институционален развој.
На национално ниво оваа година има 25 средношколци Роми од четврта година,а на локално 4, кои се потенцијални кандидати за вклучување во овој проект.
Проектот "Подготовка на средношколци Роми за запишување на медицинските факултети во Македонија", финансиски е поддржан од Ромскиот едукативен фонд.