Со решавање на конфликти до хармонична заедница
Советнички, жени од невладини организации, членови на Комисија за односи меѓу заедниците на денешниот семинар за решавање на меѓуетнички спорови, се согласија дека конфликтите треба да се решаваат за хармоничен живот во мешан град како Куманово.
Тие заклучија дека различните вредности, политичката, етничката припадност, ограничените ресурси, незадоволени основни потреби се само дел од факторите кои можат да доведат до појава на конфликти.
Општина Куманово е најголема во Македонија и е со мултуетнички состав. Секогаш може да настапи конфликт кој треба да се разреши. Учесниците ќе ги зголемат своите знаења, иако имаат основни познавања. Овој семинар е интерактивен, практично треба на мировен начин да делуваат. Кога ќе се појави конфликт треба да знаат како да постапуваат. Ќе се зборува за меѓуетничкиот дијалог и медијацијата - вели Виолета Петровска, претседател на организација на жени “Кумановка“.
На семинарот предавачот Лидија Илијевска зборуваше за националниот, етничкиот, колективниот и личниот идентитет. Илијевска објасни дека личниот идентитет се менува во текот на животот, но етничкиот останува и се пренесува генерациски.
Етничкиот идентитет е постар од националниот и тој не се менувам, туку се пренесува од генерација на генерација. Луѓето со ист етнички идентитет споделуваат иста историја, јазик, иднината на еден народ. Националниот идентитет се менува зависно од земјата во која живееме. Помладите кои живеат во странство го запоставуваат својот етнички идентитет и се претопуваат во националиот идентитет, примаат туѓи вредности - додава Илиевска.
За градење на мир и соживот во заедницата потребна е долгогодишна работа, смета Петровска.
Семинарот продолжува и утре во Комитет.