Со субвенционирање вработени 22 кумановци
16.04.2013 13:59
| KumanovoNews
Во Куманово се вработиле 22 лица со мерката субвенционирање при вработување која ја нуди државата.
Нивниот работен однос е заснован од месец април. За 6 месеци државата одвојува пари за исплата на плата и придонеси, а по истекот на овој рок газдата има обврска работникот да го задржи уште година дена на работното место.
Од Агенцијата за вработување во Скопје велат дека субвенциите имаат за цел да ја поттикнат побарувачката на работна сила и да се овозможи вработување на лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот.