Собрани над 2500 потписи за решавање на сообраќајниот хаос
Над 2500 кумановци го дале својот потпис за решавање на сообраќајниот хаос во градот, а особено на булеварите “Трета МУБ“ и “Октомвриска револуција“.
И денеска граѓаните можат да се потпишат на пунктовите на Градскиот плоштад и кај градскиот часовник спроти Комитет.
Вчера имаше голема заинтересираност и собравме 2500 потписи сосе оние кои се на интернет. Уште денеска сме тука до 20 часот и имаме утре состанок во Општина Куманово со градоначалникот да видиме што ќе биде со ова. Инсистираме проблемот да се реши. Граѓаните се задоволни и благодарни што ние како група на граѓани ова го инициравме - вели Дарко Костовски.
Тој објаснува дека по состанокот со градоначалникот, ќе испратат писмо до полицијата и ќе побараат поставување лежечки полицајци на местото каде загина Теодора Цветковска од Куманово.