СОНК: Просветарите заслужуваат повисоки плати
Регионалникот просветен синдикат оддржа работна средба со министерот за образование, Панче Кралев на која разговарале за повеќе прашања, меѓу кои и зголемување на платите на просветните работници.
Особено последниве 5-6 години се изврши значајно подобрување на платите, што значи и на вкупната економска и социјална положба на вработените во овие дејности. Но, неодминлив е фактот што споменатите зголемувања беа направени на исклучително ниски, депресивни, демотивирачки плати и таа состојба беше присутна повеќе од две децении. СОНК е убеден дека сложеноста на работата во образованието, науката, посебното и огромното нивно значење за општеството, не е одразено преку висината на платите. Од таа причина СОНК бара и отпочнување на преговори и разговори со МОН за корекција на висината на платите - се вели во соопштението од синдикатот.
Покрај ова се зборувало и за што почести работни средби меѓу СОНК и МОН, вклучување на синдикатот при носење на закони, воспоставување социјален дијалог со локалните самоуправи, склучување на колективни договори и друго.