Мени

Сообраќајот се одвива отежнато и со ограничувања

28.01.2011 09:29 | KumanovoNews

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено и по влажни и лизгави коловози поради врнежи од снег, особено во западните делови, информираат од АМСМ.

Сообраќајот се одвива отежнато и со ограничувања

Поради поголеми остатоци од снег на коловозот, воведена е забрана за движење на тешките товарни возила на патните правци Гостивар-Кичево преку Стража и на крак Маврово-Дебар. За патничките возила на овие патни правци се препорачува употреба на зимската опрема. Другите планински превои се проодни за сите видови на возила.

На сите возачи на ваквите услови за сообраќај им препорачуваме исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на лизгавите коловози и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Можна е појава на одрони на патните правци кои минуваат низ клисурите. Интензитетот на сообраќај е умерен на патните правци надвор од градските средини.