Сопственците да го исчистат снегот пред дуќаните
29.01.2014 09:24
| KumanovoNews
Дуќанџиите и сопственици на деловни простори имаат законска обврска уште денеска треба да го исчистат снегот од тротоарот пред дуќаните.
Уште рано утринава комуналните инспектори и комуналните редари се на терен за да им дадат сугестија, апел на самите дуќанџии да го исчистат снегот. Рокот е до 12 часот, а доколку истото не го сторат ќе бидат содветно казнети - изјави Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во Општина Куманово.
Оние дуќаниџии кои нема да исчистат пред дуќаните ќе треба да платат казна од 50 евра.