Мени

Соработка меѓу училиштата од Уминдол и Матејче

15.05.2014 11:12 | KumanovoNews

Основните училишта “Карпош“ од Уминдол и “Култура“ од Матејче реализираат заеднички активности во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција.

Соработка меѓу училиштата од Уминдол и Матејче

Направивме фудбалски натпревар, наши наставници одат кај нив, оддржуваат час по својот предмет и обратно. Во активностите претежно се вклучени ученици од предметна настава. Планираме заедно, наставници и ученици да ја посетиме браната Липково кога временските услови ќе бидат подобри, но секако тоа би го извеле до 2 јуни пред да почне екстерно тестирање - вели Владимир Јвановиќ, директор на “Карпош“.

Проектот за меѓуетничка интеграција се реализира со поддршка на ресорното министерство и УСАИД.