Мени

Совети за заштита од листерија

08.08.2014 12:45 | KumanovoNews

Почесто миење раце пред јадење и додека се готви храна, е една од превентивните мерки за заштита од листерија.

Совети за заштита од листерија

Од Министерството за здравство ги советуваат граѓаните зготвената храна да се јаде веднаш, во спротивно да се чува во фрижидер на температура од 2 до 8 степени и пред конзумирање да се загрее на над 70 Целзиусови степени.

“Не оставајте подготвена храна на собна температура подолго од 1 час, односно подготвената храна ставете ја во фрижидер веднаш по користењето, каде препорачливо е да се чува максимум три дена и јадењето да не се подгрева повеќе од еднаш. Свежиот зеленчук, овошјето и салатите потребно е темелно да се измијат под силен млаз вода пред јадење, сечкање или готвење. Во летен период избегнувајте лесно расиплива храна, како што се мајонези, кремови, сладолед од свежи и термички необработени јајца. Да се конзумира безбедна вода за пиење, а доколку не сте сигурни за нејзиниот квалитет, пред употреба задолжително да се преврие - стои во соопштението од Министерство за здравство.

Малите деца, бремените жени, старите над 65 години и лицата со слаб имунитет треба да внесуваат што повеќе свежо поготвена храна во домашни услови.