Мени

Советници ќе учествуваат на обука на ОБСЕ

20.05.2014 08:30 | KumanovoNews

Неколку советници од Советот на Општина Куманово од 4 до 7 јуни ќе учествуваат на обука на ОБСЕ за зајакнување на локалните капацитети.

Советници ќе учествуваат на обука на ОБСЕ

Ќе се обучуваат членовите на советот во делот на нивните надлежности и ингеренции при креирање на општинскиот буџет, носење на одлуките и други надлежности предвидени согласно Законот за локална самоуправа. Ќе земат учество најмалку 5, можеби и 7 колеги кои што нивното искуство потоа ќе го пренесат на останатите колеги. Ќе бидат опфатени членови и на позиција и опозиција, ќе се води сметка за родова, етничка и политичка припадност - вели Максим Димитријевски, претседател на Советот на Општина Куманово.

Заинтересираните советници ќе аплицираат по што ОБСЕ ќе направи селекција на луѓето кои ќе бидат обучувани.