Мени

Советниците бараат решавање на сообраќајниот хаос

01.03.2013 14:37 | KumanovoNews

  Претседателот на Советот на Општина Куманово Максим Димитриевски, на денешната седница, од командирот на Полициска станица Куманово Антон Витковски, побара објаснување зошто полицијата не го решава сообраќајниот хаос во одредени делови на градот.

Советниците бараат решавање на сообраќајниот хаос

Дел од заклучоците од минатиот извештај не беа исполнети од технички аспект или од безбедносни причини. Во делот на сообраќајот на „Трета МУБ“ и на улицата “Христијан Карпош“ не  функционира пајак службата. Возилата на “Трета МУБ“ стројат паркирани под агол од 90 степени, а луѓето најверојатно се паркираат тука и одат во блиските кафиќи - објасни Димитриевски.

На оваа забелешка, командирот Антон Витковски ништо не одговори, ниту пак сакаше да коментира зошто од овие локации не се отстрануваат непрописно паркираните возила.