Мени

Советниците дадоа зелено светло за помош на Србија и БИХ

19.05.2014 14:19 | KumanovoNews

Сите советници присутни на денешната вонредна седница гласаа за издвојување на 1,4 милиони денари од буџетот на Општина Куманово за помош на четири поплавени градови во Србија и БИХ.

Советниците дадоа зелено светло за помош на Србија и БИХ

Помош ќе добијат Бјелина, Бања Лука, Јагодина и Горњи Милановац со кои градот е збратимен или има потпишано меморандуми за соработка.

Тоа се држави со кои што бевме до вчера во сојуз и ние како најголема општина во Република Македонија чувствуваме дека е повеќе од потребно да помогнеме на нашите пријатели, особено на градовите со кои што сме збратимени или имаме воспоставени односи. Ова е само почеток иако е тешка финансиската состојба во Општина Куманово, донесовме одлука да 1.4 милиони денари бидат веднаш ставени на располагање на градоначалникот со кои што ќе се организираат четири возила и ќе бидат набавени и испратени најнеопходните работи - изјави Максим Димитријевски, претседател на Советот на Општина Куманово.

Советниците и вработените во општинската администрација ќе одвојат средства од своите примања за помош на населението во соседството.