Мени

Советниците на СДСМ ја поддржаа “Аман“

13.12.2012 14:54 | KumanovoNews

 Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери денеска земаа пауза во траење од еден час за да се потпишат на петицијата на граѓанската иницијатива “Аман“, која бара измени на Законот за енергетика и враќање на евтината тарифа на струјата.

Советниците на СДСМ ја поддржаа “Аман“

- Во својство на граѓани дојдени сме денеска да дадеме поддршка на оваа граѓанска иницијатива и верувам дека истата ќе вроди со плод, ќе ги постигне очекуваните резултати. Самата иницијатива бара измени во делот на Законот за енергетика кои што ќе дадат можност на граѓаните да почувствуваат што значи да се биде во рамноправна положба како потрошувач во општеството - изјави Максим Димитриевски, претседател на Совет на Општина Куманово.

Досега “Аман“ во Куманово собра над 700 потписи, а крајна цел е на ниво на држава да се соберат 10.000 потписи од незадоволни граѓани.