Советниците се запознаа со политиките за регоионалeн развој
Советници од шестте општини во Североисточниот регион, денеска присуствуваа на работилница за регионален развој и регионални политики во државата.
Повикани се претседатели на совети на шестте општини во нашиот регион, поканети се координатори на политичките партии, и членови на комисии за локален економски развој. Ги изучуваат политиките на рамномерен регионален развој и нивно спроведување. Што значи тоа регионален развој, како да се аплицира, да не се гледа само локално, туку да се размислува регионално, да го гледаме Североисточен плански регион како едно. Таа поддршка треба и советите да ја разберат - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на Североисточен плански регион.
Тој објаснува дека досега аплицирале и добиле 20 регионални проекти на национално ниво. Три заеднички проекти општините добиле од ИПА фондовите, од кои два се веќе завршени.