Мени

Советување за шарпланинци во Крушево

21.02.2013 15:57 | KumanovoNews

Претседателот на Кинолошкото друштво “Тумбак“ од Куманово, Владимир Крстевски викендов во Крушево ќе присуствува на советување за расните кучиња шарпланинци.

Советување за шарпланинци во Крушево

Семинарот ќе го посетат повеќе одгледувачи и судии за расата шарпланинец. На советувањето ќе се дискутира како треба да изгледа вистинскиот шарпланинец, ќе има насоки како да се оценува на изложби, предлози за корекции на стандардот, како да се преземе автономноста на расата, Македонија да стане матична земја на шарпланинецот. Ова е втор ваков семинар по осамостојувањето на Македонија, исто и првиот беше во Крушево - вели Крстевски.

Тој нагласува дека шарпланинецот како раса не е агресивен, туку напаѓа само во самоообрана. Нема точна бројка колку шарпланинци има во градот, но и газдите ретко ги носат овие кучиња на изложби. Шарпланинците важат за добри чувари, ги чуваат стадата и стоваришта на нивните стопани.