Мени

Современи апарати за Кумановската болница

07.05.2013 14:37 | KumanovoNews

 Неколку одделенија во Општа болница Куманово наскоро ќе добијат нови и современи медицински апарати.

Современи апарати за Кумановската болница

Раководството на Болницата планира да набави опрема за одделението за урологија, детското одделение и уво грло нос.  

Со набавка на сетот за трансуретална рецексија, како и апарат за цистоскопија ќе се овозможи пациентите повеќе да не патуваат на преглед во Скопје. Истовремено ќе се инвестира и во ехо aпарат за новороденчиња и ехо апарат за синуси, кој ќе се користи одделението за уво, грло и -велат надлежните

 За новата апаратура ќе се потрошат 35.000 евра, сретства на болницата.