Мени

Специјалистите прегледале 14.5 илјади пациенти во јули

12.09.2013 09:49 | KumanovoNews

 Во специјалистичките амбуланти во Општа болница Куманово во јули се реализирани вкупно 14.578 прегледи.

Специјалистите прегледале 14.5 илјади пациенти во јули

Интерно има најмногу реализирани прегледи 1248, а потоа е хирургија со 1497 и инфективно 1094 прегледи, детска амбуланта 870 прегледи. Во принцип секој месец е исто, можеби со разлика од 10 отсто. Зависи од патологијата, еве во кожна амбуланта кожните болести се поретки, имаме еден специјалист и направени 249 прегледи - вели Ариета Ајрулаи, главна сестра во Општа болница Куманово.

Од Општа болница Куманово објаснуваат дека проектот „мој термин“ функционира неколку месеци, но на граѓаните ќе им треба уште малку време за да научат како функционира новиот начин на работа.