Мени

Спортски работилници во “Светозар Марковиќ“

28.03.2014 10:30 | KumanovoNews

Во рамки на проектот на УСАИД за “Меѓуетничка интеграција во образованието“, во основното училиште “Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане ќе се оддржат спортски работилници.

Спортски работилници во “Светозар Марковиќ“

 За таа намена наставниците денеска се на семинар и потоа ќе бидат асистенти на учениците на спортските работилници. Штом времето ќе се разубави ќе има спортски активности. Целта на проектот е деца од различни етнички заедници да се дружат, да ја развиваат љубовта кон спортот, да негуваат спортски дух, да се научат на фер игра - вели Жаклина Милинковиќ, директорка на училиштето.

Со проектот ќе бидат опфатени 10 основни училишта и тоа од Крушево, Стајковци, Маврово, Гостивар, Теарце, Брвеница, Сопиште, Струденичани, Петровец и Старо Нагоричане.