Мени

Србите бараат поголема грижа на споменикот на “Авијатичари“

17.12.2013 09:42 | KumanovoNews

Споменикот на “Авијатичари“, кој се наоѓа на улицата “Никола Тесла“ е запуштен, а просторот околу него неуреден.

Србите бараат поголема грижа на споменикот на “Авијатичари“

Советникот на ДПСМ Бобан Јаќимовиќ ја обвини локалната власт дека е виновна за состојбата во која се наоѓа ова историско обележје.

Споменикот е во лоша состојба. Кога ќе се погрижи локалната самоуправа да го среди и да заличи на нешто? За истото Српската заедница пред некој месец поднесе барање но не е преземено ништо- изјави Јаќимовиќ.

Градоначалникот Зоран Дамјановски одговорноста за запуштеноста на спомениците ја префрли на државата.

Направивме хортикултурно уредување два пати, но неодговорноста е во рацете на државата, во рацете на Собранието на РМ. “Недговорноста“ барајте ја во “одговорноста“ на вашиот пратеник - вели Дамјановски.

Советникот Јаќимовиќ рече дека овој споменик е многу важен за нив и затоа ќе се информираат чија е одговорноста за негово оддржување.

                                                        (фото архива)