Мени

Србите одбележаа 14 години од бомбардирањето на Југославија

25.03.2013 08:55 | KumanovoNews

 Претставници од Српската заедница во Македонија во црквата “Света Троица“, вчера одржаа парастос и запалија свеќи во помен на жртвите во бомбардирањето на Југославија кое се случи пред 14 години.

Србите одбележаа 14 години од бомбардирањето на Југославија

Како што кажува нашиот народ “каде има сила, нема правдина“. Србија издржа цели 78 дена да пружи отпор на НАТО Алијансата, се обиде да го брани својот интегритет. Во обид да го спаси Косово, но по 78 дена се потпиша Кумановски договор на спортскиот аеродром Аџитепе со таканаречената резолуција 1244. Во текот на тие 78 дена првата цел на НАТО Алијансата беше бомбардирање беа воени објекти, а потоа и фабрики, болници, автопати - изјави Горан  Зафировиќ, претседател на Српската заедница во Македонија.

Во бомбардирањата убиени се помеѓу 1.200 и 2.500 лица, а повредени се над 12.500 луѓе, додека предизвикана е материјална штета во вредност од 100 милијарди долари.

Бомбардирањето започна во 19 часот и 45 минути на 24 март 1999 година над различни региони во Србија и Црна Гора.

Бомбардирањето заврши на 19 јуни 1999 година со потпишување на Косовскиот договор и усвојувањето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Во овие акти беше предвидено повлекување на југословенската армија од Косово, каде беа распоредени меѓународни воени сили.