Србите во Куманово го прославија Свети Сава
Српската заедница и Обединетата српска заедница, викендов во Куманово одвоено го прославија националниот празник на Србите во Македонија Свети Сава.
И двете заедници организираа Светосавски академии со богата културно-уметничка програма и гости од Србија. При тоа кумановските Срби ја одблежаа 778 годишнината од смртта на Свети Сава, првиот српски архиепископ кој ја осамостоил Српската православна црква и прв српски учител кој што основал манастири и школи во средновековна Србија.
На прославата на Српската заедница во Народниот театар говореше заменик министерот за култура Драган Недељковиќ, Александар Влајковиќ, заменик директор во канцеларијата за дијаспора во регионот и Гордана Стојковска, претседателка на српската заедница во Македонија.
На свечената академија на Обединетата српска заедница во младинскиот центар „Козјак„, гостите ги поздрави министерот за правда во Р Србија Никола Селаковиќ, Миле Стојменовиќ од општина Куманово и професорот во пензија Добривије Стошиќ.