Мени

Среда неработен ден за сите граѓани

21.10.2013 08:24 | KumanovoNews

 Поради одбележување на  23 Октомври 2013 година, Денот на Македонската револуционерна борба, среда е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Среда неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.