Мени

Средба на генерации во Младо Нагоричане

16.06.2014 13:37 | KumanovoNews

Во основното училиште “Х.Т. Карпош“ во Младо Нагоричане викендов се оддржа средба на првите генерации на ученици, кои тргнале на училиште од 1957 до 1962 година веднаш по неговото отворање.

Средба на генерации во Младо Нагоричане

Тие во знак на благодарност поставија спомен плоча на Бранко Шутевски, првиот директор на училиштето.

  - На средбата бевме присутни околу 70 ученици кои присуствувавме на класниот час. Ја откривме плочата. Многу сме задоволни и по тој повод сакам да ги поканам сите генерации кои се пред нас и по нас секогаш да доаѓаат да се дружиме и да направиме едно здружение кое ќе ги соедини сите наши сегашни и бивши ученици во ова училиште. Во тоа време ние бевме  ученици со голем капацит, тој систем ни овозможи да се школуваме во Куманово и во другите југословенски републики, - вели Славе Стефановски- Maјор.

Нивната средба била емотивна бидејќи се сретнале после долги години и имале можност да поразговараат за тоа до каде стасале во животот. Дел од нив завршиле високо образование, станале видни професори, инженери.

  - Со добар дел од учениците не се препознавме. Се надеваме дека и понатаму ќе се гледаме на оваа средба. Колку времето одминува, толку се јавува и потребата да ги видиме овие луѓе, да се вратиме на корените од каде што потекнуваме - рече Мирко Стојмановски, професор по хемија во пензија.

Поранешните ученици на “Х.Т.Карпош“ побарале од општина Старо Нагоричане да го загради училиштето за истото да биде побезбедно и поубаво.