Средните училишта имаат голем број слободни места
Во првиот уписен рок Гимназија “Гоце Делчев“ запишала најголем број ученици.
Во “Гоце Делчев“ за во вториот уписен рок остануваат 79 слободни места за македонски наставен јазик од кои 24 се за во билингвалната паралелка, а за српски наставен јазик има плус 33 слободни места.
Во СОУ“Перо Наков„ за македонски наставен јазик има 37 места за економски техничар, техничар за трговија и маркетинг има 56 места, деловен секретар 30 места, банкарски техничар 23, конфекциски техничар 33, техничар за обувки 34, техничар за дизајн на облека 23.
За албански наставен јазик во “Перо Наков“ има 85 слободни места за економски техничари, за трговија и маркетинг 30, правни техничари 25, деловен секретар 29, банкарски техничар 27, конфекциски техничар 21 место, техничар за обувки има 24 празни места, а за конфекцискиот профил на три години има 34 празни места.
Од “Киро Бурназ“ велат дека во првиот уписен рок запишале мал број ученици со кои можат да состават две паралелки. За сите профили почнувајќи од фризери, пекари, козметичари, ветеринарни техничари, нутриционисти и други имаат голем број слободни места како за македонски, така и за албански наставен јазик.
Во првиот уписен рок имаше пријавено голем број на кандидати кои не ги исполнуваа условите. За профилот техничар за компјутерско управување има слободни 27 места, машинско енергетски техничар 23, машински механичар 19, електротехничар енергетичар 46 места, електротехничар за КТА 48 места и за медицински сестри 51 место - вели Лидија Михаловска, директор на СОУ“Наце Буѓони“.
Вториот уписен рок е закажан за 1 и 2 јули.