Мени

Средношколци од Куманово на размена во Тирана

12.11.2013 16:07 | KumanovoNews

 8 ученици и 3 професори од Куманово преку Регионалната занаетчиска комора во Куманово заминаа на размена во Тирана, Албанија.

Средношколци од Куманово на размена во Тирана

Меѓу нив има ученици од “Перо Наков“ од кожарска и текстилна насока и од “Наце Буѓони“ од електротехничка насока. Тие се на размена во сродни училишта и фирми каде ќе посетуваат практична настава. - вели Весна Симова од Занаетчиска комора на Македонија.

Тие се единствени од Македонија заминати на размена и се враќаат од Тирана следната недела.