Мени

Средношколци се натпреваруваа во прва помош

27.05.2014 10:02 | KumanovoNews

Средношколци од пет средни училишта од градот и екипа од Црвен Крст денеска се натпреваруваат во пружање на прва помош.

Средношколци се натпреваруваа во прва помош

Учениците пред зградата на Црвен Крст демонстираат како се дава прва помош на повреден во случај на сообраќајна несреќа.

 - Имаме повреди од различен тип и тоа отворени скршеници, затворени скршеници, изгореници, полесни повреди, срцев удар, клиничка смрт при струен удар. Овој натпревар се организра со цел да се обучат што е можно повеќе луѓе од околината за да можат во случај на несреќа да помогнат додека да пристигне Брзата помош - вели Раде Ристиќ, лидер на млади во Црвен Крст.

Учениците месец дена однапред вежбаа пружање на прва помош и се подготвуваа за натпреварот.

- Учевме како да помогнеме, за каква повреда се работи и какви последици ќе има потоа. Ова секако ќе ни помогне за во иднина за да знаеме како да помогнеме на повреден. Тоа треба секој да го знае - кажа Христина Антовска, ученичка во медицинска струка во “Наце Буѓони“.

Најдобрата екипа од денешниот натпревар ќе учествува на државен натпревар за прва помош.