Средношколци учеа мултиетничност во Маврово
Тродневна работилница на тема “Мостови на толеранција и дружење“ со средношколци од Куманово се одржа во Маврово.
Во работилницата беа вклучени дваесетина средношколци од повеќе нациналности од училиштата “Сами Фрашери“, “Перо Наков“ и “Наце Буѓони“.
- Работилницата беше реализирана согласно претходно разработена програма со неколку типови на активности: презентации за мултиетничките прашања (мултиетнички состав на Македонија, национални и меѓународни стандарди за малцинствата, постоење на етничките стереотипи и предрасуди и можности за нивно надминување во контекст на заеднички напредок, потреба од меѓуетничка толеранција и можности за соработка). Презентации на тема „Држава, човекови права, граѓански активизам“, презентација на обичаи и традиции на сите етнички заедници, запознавање со најважните етнокултурни настани од животот на сите етнички заедници - изјави Марјан Младеновски, тренер на работилницата.
Учениците добија дипломи за учество на работилницата и ова треба да биде пример за возрасните за заедничко дружење и соработка.