Средорек и три улици без вода
11.02.2013 09:25
| KumanovoNews
Утринава без вода за пиење останаа жителите на населбата Средорек и улиците “Вардарска“, “Ѓуро Пуцар - Стари“ во населбата Перо Чичо и “Владимир Назор“ во близина на ОУ “Бајрам Шабани“, заради дефекти на водоводните цевки.
Од ЈП “Водовод“, велат дека нивни екипи се на терeн и наскоро ќе ги санираат дефектите и снабдувањето со вода ќе се нормализира.
Други прекини во снабдувањето со вода засега не се регистрирани.