„Срма“ ќе учествува на фестивал на Кипар
15.06.2014 10:35
| KumanovoNews
Детскиот младински ансамбал “Срма“ на 18 јуни ќе замине на Кипар каде ќе учествува на интернационален фолклорен фестивал.
Младите играорци ќе се претстават со “Билјана платно белеше“, сплет “Драчевка“ и сплет од Источна Македонија.
Одиме со 20 членови на ансамблот и тоа се деца до 14 години. Фестивалот е со ревијален карактер. Ние на Кипар бевме пред 19 години и сега повторно на наша среќа имавме покана да учествуваме на еден ваков фестивал. Традиционално таму учествуваат ансамбли од повеќе земји како Бугарија, Турција, Романија и други - изјави Марјан Бошковски, кореограф во “Срма“.
По овој настап, играорците од “Срма“ на почеток на јули ќе заминат за Прокупље во соседна Србија, а потоа имаат гостување во Романија.