Мени

Српската заедница организира пречек на Стара Нова година

10.01.2013 10:40 | KumanovoNews

 Српската заедница во Македонија и оваа година традиционално организира Српска вечер и ја прославува Стара Нова година во ресторан “Грација“ .

Српската заедница организира пречек на Стара Нова година

За добро расположение на гостите задолжен е пејачот Немања Стевановиќ од Белград со својот оркестар. Подготовките се при крај, продажбата на картите е во просториите на заедницата во зградата на Комитет.  Јас им препорачувам на граѓаните, кои што сакаат да присуствуваат на пречек на православната Нова година и Српска вечер да си обезбедат билети навреме, затоа што минатата година се бараше билет повеќе. Салата беше исполнета до последното место. Со Немања Стевановиќ ќе треба да дојде уште една негова колешка од звездите на Гранд продукција - вели Горан Зафировиќ, претседател на Српска заедница.

На прославата ќе дојдат гости од Српската заедница од Тетово и Скопје и српската амбасада.