Мени

Српската заедница организира Светосавска академија

23.01.2013 15:59 | KumanovoNews

Српската заедница во Куманово, празникот Свети Сава ќе го одбележи со Светосавска академија, која ќе се одржи во сабота во народниот театар Куманово во 17.30 часот.

Српската заедница организира Светосавска академија

 Посетителите на Светосавската академија ќе имаат прилика да ги погледнат првенците на Српскиот драмски театар Горица Петровиќ и Горан Султановиќ.Во програмата ќе учествуваат ученици од ОУ “Светозар Марковиќ“ од Општина Старо Нагоричане, како и учениците Милош Спасиќ на квалир, Даниел Лазаревски на виолина во клавирска придружба на Анастасија Грковска и Дарко Тодоровски. Влезот е слободен за сите посетители и на сите граѓани во Македонија од српска националност им го честитаме празникот - вели Горан Зафировиќ, претседател на Српска заедница Куманово.

Централната прослава ќе се оддржи во Скопје во салата на Македонска опера и балет во 19 часот во недела. Празникот ќе се одбележува во повеќе градови во Македонија.