Мени

Српската заедница “Свети Сава“ на Зебарњак

22.10.2013 09:45 | KumanovoNews

Српската заедница во Македонија “Свети Сава“, годишнината од Кумановската битка ќе го одбележи во четврток во 11 часот на споменикот на паднатите борци Зебарник.

Српската заедница “Свети Сава“ на Зебарњак

Се очекува на Зебарњак да дојдат 150 луѓе од Куманово, Чучер Сандево и Врање. Ќе има историски час и литургија со попови од Србија. Ние одлучивме на Зебарњак да одиме на 24 октомври, баш на датумот кога се случила Кумановската битка - изјави Властимир Петровиќ, претседател на Српска заедница во Македонија “Свети Сава“.

Тој вели дека по истиот повод во Центарот за култура во четврток организираат крводарителска акција од 9 до 14 часот.