Мени

Српски носии на ревија во Осоговскиот манастир

26.04.2011 08:26 | KumanovoNews

  Српски носии од Јужно-моравскиот регион беа претставени на Меѓународната ревија на народни носии “Македонски велигденски благослов“, која се одржа вчера во манастирскиот комплекс “Свети Јоаким Осоговски„ кај Крива Паланка.

Српски носии на ревија во Осоговскиот манастир

Српското културно творештво на оваа манифестација го презентираа претставнички од Срската заедница во Македонија-Регионален одбор од Куманово.

   Првпат учествуваме на една ваква манифестација и ова за нас е ретка можност да ја претставиме нашата култура, традиција, јазик и обичаи. Посебно задоволство е да се запознаеме и да се сплотиме со народното наследство на другите етнички заедници. Имаме многу зачувани работи од српското народно твореШтво, но за жал, овде ретко го презентираме, додека штом се помине границата се гледа дека сите се во носии, истакна Емилија Томиќ од Српската заедница од Куманово.

    Носиите од Јужно-моравскиот регион беа меѓу најубавите на манифестацијата, како и младите Србинки што ги носеа, а една од нив го освои второто место.