Мени

Стагнира бројот на млади фармери

04.07.2013 12:32 | KumanovoNews

Во кумановско слаб е интересот на земјоделците да се регистрираат како млади фармери и да уживаат одредени бенефиции при добивање на земјиште на тендер, набавка на механизација, добивање на средства од ИПАРД програми и други поволности.

Стагнира бројот на млади фармери

За млади фармери се сметаат земјоделците на возраст од 18 до 40 години.

Интересот е минимален и оваа мерка беше популарна пред 4 - 5 години. Дел од оние кои биле регистрирани како млади фармери ги надминале годините и сега се повозрасни, но сеуште работат. Обично се тоа луѓе кои останале без работа и сакаат да остварат стаж од 15 години. Има регистрирано мажи, но и жени млади фармери и нивната бројка е над 200 во кумановско - вели Стојко Ивановски, секретар во Здружение на земјоделски производители Куманово.

На ниво на држава од вкупниот број на земјоделци само 1,2 отсто се млади фармери.