Мени

Станарите од пет улици без вода

17.09.2013 08:29 | KumanovoNews

 Поради дефекти на водоводните цевки утрово снабдувањето со вода е прекинато на пет улици во Куманово.

Станарите од пет улици без вода

Вода немаат граѓаните кои живеат на улиците: “Вера Которка“, “Доне Божинов“, “Народна револуција“, “Милан Лисица“ и “Стеван Филиповиќ“. Вработени од ЈП “Водовод“ работат на отстранување на дефектите.