Стапи на сила Законот за мобинг
Пред неколку дена стапи на сила Законот за мобинг, кој треба да им понуди поголема заштита на работниците.
Работниците ќе можат мобинг да пријават во претпријатието, а потоа можат да се обратат и до синдикатите.
Досега таа проблематика беше регулирана со членови во Законот за работни односи, а сега има посебен Закон за мобинг. Познато е дека мобингот многу тешко се докажува. Во судска постапка мобингот ќе мора да се докаже со материјални докази. Предвидени се ригорозни казни за одговорниот од 4000 до 7000 евра, бидејќи не спречил мобинг врз работникот, а исто ќе биде казнет и работодавецот. Работниците помош можат да побараат и од синдикатите, ние имаме комисија за мобинг - вели Гордица Бошковска, правник во Регионален синдикат.
Законот има за цел да ги заштити работниците кои се жртви на психичко, физичко и сексуално вознемирување на работното место.