Стари Лозја и две улици без вода
02.01.2013 10:33
| KumanovoNews
Без вода за пиење утрово се граѓаните од населбата Стари Лозја и две улици во градот.
Поради дефекти на водоводните цевки вода нема на улиците “Козјачка“ и “Бошко Буха“.
Вработените од ЈП“Водовод“ се излезени на терен и се очекува во најбрз можен рок дефектите да бидат отстранети.
Други прекини на снабдувањето со вода засега не се регистрирани.