Старо Нагоричане бележи намалување на населението
26.08.2013 14:54
| KumanovoNews
Државниот завод за статистика објави соопштение за бројот на родени деца и природниот прираст по општини во второто тромесечје од 2013 година.
Според податоците, во Куманово последниве три месеци се родени 305 деца и природниот прираст изнесува 51. Во Липково се родени 93 деца и природниот прираст на оваа општина е 59, додека во Старо Нагоричане се родиле само 5 деца и нивниот природен прираст на населението е - 14.
Сепак на ниво на држава бројот на живородени деца е намален во однос на истиот период лани.