Мени

Старо Нагоричане доби фудбалско игралиште

21.05.2011 09:14 | KumanovoNews

 Во Општината Старо Нагоричане, вчера свечено беше предадено во употреба Фудбалско игралиште, како дел од проектот на Агенција за млади и спорт - 50 Фудбалски игралишта.

Старо Нагоричане доби фудбалско игралиште

 Оваа е прв објект од ваков вид во Општина Старо Нагоричане кој ќе прионесе за развој на квалитетен спорт во самата општина. Исто така, во наредниот период ќе започне со изградба на Училишна спортска сала во Младо Нагоричане и со тоа ќе го дадеме потребното место за развој на спортот и спортскиот дух-рече градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Игралиштето официјално го пуштија во употреба со сечење на лента и со првиот шут на топката, министерката Гордана Јанкуловска, градоначалникот Миодраг Јовановиќ и директорот на Агенција за млади и спорт Диме Спасов.

На церемонијата присуствуваа: кандидатите за пратеници Трајко Вељановски, Гордана Јанкуловка, Иван Стоилковиќ и Дарка Петрушевска.