Мени

Старо Нагоричане и Куманово не го регулирале меѓуопштинскиот превоз

03.01.2013 13:28 | KumanovoNews

 Авто-транспортните претпријатија кои превезуваат патници во селата во Општина Старо Нагоричане се жалат дека договорите за оваа година не им се обновени.

Старо Нагоричане и Куманово не го регулирале меѓуопштинскиот превоз

Поради тоа се прекинати линијата Куманово - Челопек - Татариновац, Бајловце, Никуљане и некои други села.

Од Општина Старо Нагоричане велат дека проблем е во тоа што се доцни со потпишувањето на договор за меѓуопштински превоз со Општина Куманово.

 Договорите на превозниците се истечени. Требаше со Општина Куманово да потпишеме договор во мај, а еве се доцни веќе шест месеци. Превозот се одвива да кажам на добра волја. Ние пишавме писмо до Министерство за транспорт и врски, а дали тие реагирале до Општина Куманово не знаеме. Сега има нов закон, се вадат нови лиценци, треба да се регулира меѓуопштинскиот сообраќај. Ние имаме опструкција од Општина Куманово - вели Миодраг Јовановиќ, градоначалник на Општина Старо Нагоричане.

Лидија Ланг- Спасовска од Секторот за урбанизам во Општина Куманово вели дека се доцни со потпишувањето на договорот бидејќи доцнело донесувањето на одлуката на Советот на Општина Куманово.

Сега веќе оваа одлука е донесена со согласност на советниците и во најбрз можен рок двете општини ќе го потпишат договорот со што ќе се регулира меѓуопштинскиот сообраќај- тврди Ланг - Спасовска.