Мени

Стечајците бараат обештетување до изборите

25.02.2013 13:17 | KumanovoNews

 Стечајните работници од Куманово, денеска го блокираа излезот на градот и побараа државата да го реши нивниот статус до локалните избори. Во спротивно најавија дека нема да гласат на изборите.

Стечајците бараат обештетување до изборите

Ако не се изјаснат до 24 март или ако го одбијат нашиот предлог нема да гласаме на локалните избори. Но се надевам дека ќе проработи свест кај оние пратеници што останаа во Собрание и кај ресорните министерства. Сега не прозиваат дека сме Бранкови, но на Груевски сме. Добро знае Груевски дека бевме негови додека беше опозиција, а сега ја префрла вината на нас да не не обештети. Одат по куќи, делат пропаганден материјал од страна на ВМРО - ДПМНЕ каде што пишува дека стечајни работници се обештетени со 100 евра. Јас велам стечајни работни се сиромашни во џебот, со памет не се. Тоа е стара програма и се однесува на Стојан Стојанов - изјави Лилјана Геориевска, претседател на УНИТ.

Стечајците се разочарани што во државата нема социјална правда за оние кои не се членови на ВМРО - ДПМНЕ.

 Кога штрајкувавме пред три години со глад, не дојде Груевски туку министерот Спиро Ристоски. Разговараше со нас и ни вети дека ќе му каже на премиерот да не обештети. Тогаш не прелажаа.Па нели е срамно? Зошто постојат тие министерства. Тие не работат ништо, само се занимаваат со рекла казала, како жени на чешма. Нема ни социјална правда, ни зрелост - вели Драган Тасевски, стечаен работник.

Тасевски објаснува дека власта го поделила народот и прави политички маркетинг, а во реалноста ништо не е сменето, напротив се живее се полошо.

Денеска стечајците низ цела Македонија два часа протестираат во знак на револт од игнорантскиот однос на власта.