Мени

Стечајците ќе протестираат по празниците

23.04.2013 14:53 | KumanovoNews

 По Првомајските и Велигденските празници стечајците најавуваат помасовни и побројни протести во Скопје.

Стечајците ќе протестираат по празниците

Стечајните работници и технолошки вишок многу пропуштија овој период поради локалните избори. Веднаш по празниците се активираме да си ги оствариме нашите права. Ќе бараме со улична демократија да ни се дадат права, гледате дека пари се трошат за глупости. Ние имаме право да си го бараме она што ни следува од државата. Од цела Македонија ќе има стечајци, и повторно ќе се поднесе предлог - законот кој од оправдани причини беше повлечен - вели Лилјана Ѓорѓиевска, претседател на УНИТ.

Таа вели дека наместо да се намалува, бројот на стечајни работници се зголемува со приливот на невработени од “Житомел“ и “Монопол“. Во Куманово има 1800 стечајци, а во Македонија има над 8000 стечајни работници.