Мени

Стечајците ќе протестираат пред судот во Скопје

06.04.2011 07:32 | KumanovoNews

Денеска во Основниот суд 1 Скопје, ќе започне судскиот процес против претседателката на стечајните работници Лилјана Георгиева, поради необезбедување на радарска служба за време на протестите.

Стечајците ќе протестираат пред судот во Скопје

На судот треба да се појавам во 10 часот поради прекршочна пријава за немање  редарска служба. Ние имаме докази дека сме во прави и се надевам дека ќе го докажаме тоа, бидејќи веруваме во судскиот систем. Додека јас сум во судот стечајците ќе ме чекаат надвор.Јас сметам  дека ова е заплашување од страна на Владата за да престанеме да протестираме, но тоа нема да не поколеба- вели Георгиевска.

 На суд треба да се  појави и стечајката Јасенка Бојковска, за напад на лице кое не учествувало на протестот.

Стечајните работници и технолошки вишок од Куманово, протестот ќе го започнат пред Основниот суд 1 во Скопје, а потоа ќе продолжат пред Владата и Сојузот на синдикати. Протестот е најавен во МВР.